дома Економија ТОПЛИФИКАЦИЈА ЗА ПЕЛАГОНИЈА: Битола, Могила, Новаци и останатите општини ќе добијат топлификација!

ТОПЛИФИКАЦИЈА ЗА ПЕЛАГОНИЈА: Битола, Могила, Новаци и останатите општини ќе добијат топлификација!

Првиот проект е набавка на механизација која што ќе и овозможи на Рек Битола самиот да врши ископ на јеловина и јаглед без да ангажира надворешни кооперанти во износ од 34 милиони евра, средства кои што ќе ги обезбеди самата компанија од тековното работење и истото опфаќа набавка на булдужери, камиони дампери и слично, изјави Христијан Мицковски директор на АД -ЕЛЕМ.

 

-Вториот проект кој што го ветуваме долги години наназад е постапката за изградба на топлификација  на градот Битола, но и на неколку други пелагониски општини како што се Могила и Новаци. Тоа е проект од огтомно значење за компанијата но и за пелагониските општини како и за самиот град Битола бидејќи ќе овозможи користење на топлинската енергија на Рек Битола и истата ќе се користи за затоплување на домовите на битолчани, граѓаните на Могила и Новаци, истакна Мицковски.