дома Свет ТРАМП ГО ПОФАЛИ ПУТИН: Отсекогаш знаев дека Путин е паметен човек –...

ТРАМП ГО ПОФАЛИ ПУТИН: Отсекогаш знаев дека Путин е паметен човек – Кремљ нема намера да се вклучува во „кујнска дипломатија“

Додавајќи на глобалниот срам кој го претрпува Барак Обама во неговите последни денови на чело на САД, новоизбраниот претседател Доналд Трамп го пофали претседателот Владимир Путин за одлуката да не се одмаздува на чекорите на Обама за протерување на 35 дипломати на Русија во САД

Трамп исто така истакнал дека „отсекогаш знаев дека е паметен“ мислејќи на Рускиот претседател. Твитот беше поставен врвот на неговата страница.

Отсуството на конфликт помеѓу двата лидери претставува причина за шок кај многумина во САД, додека и двете страни се обидуваат да ги подобрат релациите помеѓу земјите.

Во четвртокот, САД санкционираше шест Руски државјани, вклуително и шефот на Рускиот главен Разузнавачки директорат, и уште пет ентитети. САД исто така протерува 35 Руски дипломати кои имаат 72 часа да ја напуштат земјата. Келиан Конвеј, виш советник на Трамп, претходно оваа акција на Обама ја нарече „одмазда на администрацијата на Обама“ и „политички одговор“ во име на тимот на Хилари.

Денес Кремљ одговори дека тие нема да се втурнат во „неодговорна кујнска дипломатија“, од каде што велат дека ќе продолжат да работат на подобрување на односите помеѓу земјите.