дома Свет Трамп му остави писмо на Бајден

Трамп му остави писмо на Бајден

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп остави писмо во Белата куќа до неговиот наследник Џо Бајден, изјави портпаролот на Белата куќа Џад Дир.

Трамп ја напушти Белата куќа денес пред инаугурацијата на новиот претседател и повеќе од два месеци одбиваше да го признае поразот на изборите и не му ја честиташе победата на Бајден.

Белата куќа не ја објави содржината на пораката на Трамп наменета за Бајден, бидејќи, како што изјави Дир, тоа писмо е работа на двајцата претседатели.

Претседателите на САД во заминување традиционално им оставаат писма на своите наследници кога ќе ја напуштат Белата куќа.