дома Социјални Мрежи ТРКЉА: “Градите мовчиња и контењери од милиони и KPAДЕТЕ”

ТРКЉА: “Градите мовчиња и контењери од милиони и KPAДЕТЕ”

Сопственикот на познатиот локал во центарот на Прилеп, “Тhe Gallery House Pub”, кој неодамна беше затворен, откако комуналната инспекција од општина Прилеп го одзеде целиот инвентар во локалот, се јави со нов статус на Фејсбук насочен кон власта на СДСМ.

“Со години се расправав со сите и двете партии оти знам дека се кради на големо и уништува понос и работа на обичен човек, гледајте го примерот и лицемерството на општеството и она што го прави СДСМ во моментов….Maда го видов и кажав првиот ден. Ќе ве потсетам само дека ми изгоре објектот, не сакавте да помогните, а веќе и се знае зошто (изговорот беше законски не можиме) после не ми дававте дозвола на веќе постоен објект оти ви сметав…. А крадевте кај ќе стасате и грабавте. После ми го затворивте за 40.000 денари оти морало со ЗАКОН!!!

Вие затворате објекти кои мора да платат на денот за 500 евра и не ги почекувате ејјј 500 евра и крадите милиони, на се има крај….. на се….

Сета среќа што знаењето и трудот мој колку и да палите не можите да ми го земите, па каде и да појдам и знаењето и трудот и дипломите ми стојат и пак сум успешен и тој што сум….. 😉

Секој ќе си добија то шо заслужил, ВРЕМЕТО Е НАЈГОЛЕМА КАЗНА. Секоја лага излегува пред или после на виделина. Градете мовчина и контејнери од милиони и крадете…. Да ве потсетам дека не сум заборавил”, пишува Тркља во својот статус на Фејсбук.