дома Македонија Уметниците едвај преживуваат, бараат да бидат дел од петтиот пакет мерки

Уметниците едвај преживуваат, бараат да бидат дел од петтиот пакет мерки

Естрадните уметници бараат да бидат вклучени и во петтиот пакет мерки за полесно да го пребродат пустошот што позади себе го остави корона кризата. Иако најзасегнати, велат по десет месеци државата конечно се сети на нив, па пред новогодишните празници на сметка им легнаа две бруто минимални плати. Објаснуваат дека помошта што ја добија е доволна само да се платат давачките кон државата, но не и да се преживее, пренесува Алфа.мк

Помош од државата за прв пат во овие десет месеци добивме пред Нова година на 29 или 30декември на сметките ни легнаа, две бруто минимални плати. Но сите не зедоа.ваква помош добија дел од музичарите кои се членови на Асоцијацијата на естрадни уметници, односно околу една третина од музичарите кои се занимаваат со музика„-изјави Јорданчо Тонев, музичар.

Целата објава може да ја погледнете на АЛФА