дома Балкан Самиот си пpecyди: Cpбинот кој ги yби сопpyгата и нejзините poдители нe...

Самиот си пpecyди: Cpбинот кој ги yби сопpyгата и нejзините poдители нe дoзвoли да биде yaпceн

44-годишниот Енедин Т. кој денеска изврши масакр кај Сјеница, во Србија се самоубил кога бил опколен од полицијата. Тој е осомничен за убиството на неговата поранешна сопруга и на нејзините родители, а во масакрот во селото Расно, кај Сјеница се ранети уште три лица.

Енедин самиот си пукал во глава во неговото родно село Долиќе, кога повеќе немал каде да бега, односно кога полицијата го опколила, објави „Курир.рс“.

Рано утринава, во селото Расно, тој упаднал во куќата на неговата поранешна сопруга Бисера (44) и ги убил неа и нејзините родители, таткото Фехим (64), и мајката Шефка, а ги ранил нејзиниот брат Беким (35), како и двајца соседи кои се нашле во куќата.

Како што објави српски „Курир“, во куќата биле и малолетните деца на Енедин и Бисера на возраст од 6 и 8 години.

По интензивната потера во која учествувале хеликоптери, убиецот набргу бил лоциран во близина на селото Долиќе и бил опколен. Кога се нашол заробен, Енедин испукал еден куршум во главата.