дома Свет Kинa зa caмо пeт дена изгpaди мoнтaжнa бoлницa за 1.500 пaциeнти со...

Kинa зa caмо пeт дена изгpaди мoнтaжнa бoлницa за 1.500 пaциeнти со кopoна виpyc

Кинa продолжува да гради монтажни болници за сместување на заразените со корона вирус и само во последните пет дена поставила специјализирана медицинска установа со 1.500 соби во северниот дел на земјата.

Болницата се наоѓа во градот Нангонг.

Во наредните денови, Владата планира да изгради уште шест слични болници со капацитет од околу 6.500 соби.

Површината на една стандардна просторија е 18 квадратни метри. Секоја соба има вентилација и греење, посебна бања и пристап до Интернет.

Според официјалните податоци, во провинцијата Хебеј има зголемување на заразата со корона вирус во последните две недели.

Во моментов, околу 850 заразени лица се хоспитализирани во регионот – околу 650 пациенти со кашлица и треска и околу 200 асимптоматски носители на вирусот.