дома Религија УТРЕ Е СВЕТИ АНДРЕЈ: Според народните верувања се смета за заштитник на...

УТРЕ Е СВЕТИ АНДРЕЈ: Според народните верувања се смета за заштитник на големите животни

Православните верници утре го одбележуваат празникот на првиот Господов апостол Свети апостол Андреј Првоповикан

 

 

Во наpoдниот говор името Андреј асоцира на нешто јадро (крупно), па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува. Свети Андреј, брат на апостолот Петар, бил ученик на св. Јован Крстител. Тој е првиот што го повикал Исус, оттука е наречен Првоповикан.

Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријана…

Според народните верувања Свети Андреј се смета за заштитник на големите животни. Со нив разговара и тие му се покорни. Во минатото Ромите мечкари го славеле Андреев ден верувајќи дека овој светец ги скротува мечките како кучиња и дека патува по светот качен на мечка.

Во пресрет на празникот се варела пченка за мечките или посебен колач-мечкина побојница со која се врзувала вилицата на мечката, за да не ја заколе стоката. Затоа некаде Свети Андреј се нарекувал и Мечкин ден.

За овој ден врзани се многубројни забрани: Во некои делови не се штави кожа, ниту се прави било што со неа, а некаде пак, не се прави ништо со облеката – за да не се искине. Поради тоа, ни денеска во „модерно време“ не треба да се пегла, пере, усисува, ниту да се прави било што друго поврзано со облека.