дома Свет УТРО НА ОТПОРОТ: Асад оди на работа во зградата на Претседателството

УТРО НА ОТПОРОТ: Асад оди на работа во зградата на Претседателството

Сириското претседателство објави видео каде што се прикажува сирискиот претседател Башар Ал Асад како утрово доаѓа на работа, неколку чсови по воздушниот напад од страна на САД.

„Утро на отпорот“, натпис кој го следи видео-записот, објавен на постот на профилот на претседателството на Телеграм.

Асад на снимката е во костум со кравата и носи актовка додека влегува во здрадата на Претседателството.

САД, Велика Британија и Франција во текот на ноќта извршија воен напад на Сирија, во кој е погодена сириската воздушна база западно од Дамаск, во близина на границата со Либан.

Во нападот е погодено и военото депо во источен Каламун, северозападно од Дамаск, 170 км северно од престолнината.

Сиријските медиуми пренесуваат дека е погоден научно-истражувачкиот центар во Дамаск, за кој Пентагон тврди дека се користи за развивање и производство на хемиско и биолошко оручје, пренесува Ројтерс.