дома Македонија УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА НА ЛАГИТЕ НА ОПОЗИЦИСКИТЕ МЕДИУМИ: Дурловски е дел од...

УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА НА ЛАГИТЕ НА ОПОЗИЦИСКИТЕ МЕДИУМИ: Дурловски е дел од „За заедничка Македонија“

Паднаа во вода шпекулациите на опозициските медиуми. Игор Дурловски се појави на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и покрај тоа што медиумите блиски до СДСМ шпекулираа дека тој наводно се повлекол и оти веќе нема да протестира.

Според Богдан Илиевски, Дурловски побарал малку повеќе време за себе за како што вели, од Македонската Опера и Балет да направи уште поуспешна институција од она што е.

– Тоа значи дека нема да го „тормозиме“ секој ден со нашите идеи и оперативни планови, ама Игор е тука!, истакна Илиевски.

Како што рече, на огромно разочарување на шверцерите, на окупаторите, и денеска не сме 150 души на улица.

-Се плашат од народот, својата ноќ не ја црпат од нардото. Но како што сме кажале и досега, тоа е само нивен проблем. Не е наш проблем што ја сакаме оваа држава. Сакаат да не разделат, сакаат да не разнебитат, се закануваат. Влечкаат и невини луѓе по испрашувања, по полиции и по судови, потенцира Илиевски.

Според него, нивните медиумски фабрики се обидуваат да искористат се што можат или да измислат се што не можат да искористат за да внесат раздор.