дома Временска Прогноза ФАБРИКИТЕ ЗА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ПРИЧИНА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО: ПМ 10 честичките по Лепенец...

ФАБРИКИТЕ ЗА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ПРИЧИНА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО: ПМ 10 честичките по Лепенец го загадуваат Скопје од Косово!

По објавата на податоците од мерната станица во Карпош за енормно загадување во Општина Карпош и присуство на 1.218 ПМ10 честички во саботата навечер, од Општина Карпош велат дека загадувањето доаѓа од Косово.

Од таму велат дека, според дојавите и снимки од жители на Карпош, во периодот кога имало најголемо загадување, од повисоките места во Карпош (кај манастирот Св. Пантелејмон) е забележан облак кој се движи долж течението на реката Лепенец кон Карпош.

Поточно, според нивните кажувања, најверојатно станува збор за ПМ честички кои се нуспроизвод од изработка на градежни материјали, а токму во тој дел кај Качанички пат се наоѓа најголемата цементарница на соседно Косово, но и други помали индустриски капацитети за произвидство на гипс и други градежни материјали.

Во секој случај, Општина Карпош очекува од надлежните државни инспекциски служби задолжени за заштита на човековата околина да го лоцираат најголемиот потенцијален загадувач и соодветно да реагираат, со цел да се спречат вакви испади