дома Хроника КОЈ ГО НАВРЕДУВА АМБАСАДОРОТ – ЗАТВОР: Кривична пријава против скопјанец кој го...

КОЈ ГО НАВРЕДУВА АМБАСАДОРОТ – ЗАТВОР: Кривична пријава против скопјанец кој го „навредил“ амбасадорот на САД преку ФБ!

Скопјанец преку Facebook му се заканувал на дипломатскиот претставник на САД во Амбасадата на САД во Македонија, информираше МВР.

Според истиот извор, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Т.Т. (34) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на странска држава“.

Тој во периодот од 14 до 16.04.2016 година од својот Facebook профил во повеќе наврати на официјалната страна на Facebook профилот на Амбасадата на САД во Р.Македонија објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Р.Македонија и кон неговото семејство, со што јавно го изложил на подбив.