дома Русија МОСКВА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ЗА НАВРЕДИТЕ КОН ПУТИН: Новинарот на „Фокс њуз“си дозволи...

МОСКВА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ЗА НАВРЕДИТЕ КОН ПУТИН: Новинарот на „Фокс њуз“си дозволи повеќе отколку што треба

За Кремљ е неприфатлива и навредлива изјавата на новинарот од американската телевизија  „Фокс њуз“ на сметка на претседателот на Русија Владимир Путин и очекува да добие извинување, изјави портпаролот  Дмитриј Песков.

Новинарот на „Фокс њуз“ помеѓу останатото, го нарече Путин ,,убиец“.

„Сметаме дека овие зборови на новинарот на телевизија  ’Фокс њуз‘ се неприфатливи и навредливи. И, секако, сакаме да добиеме извинување од оваа реномирана компанија“, им рече Песков на новинарите коментирајќи го прашањето за реакцијата на претседателот на САД Трамп околу обвинувањето на новинарот на сметка на Путин.

Песков не го коментираше одговорот на Трамп.

Кремљ позитивно гледа на евентуален состанок на  Доналд Трамп и председателот на Украина Порошенко доколку тој допринесе во решавање на внатрешниот судир во украина, им рече Песков на новинарите.

„Не можеме да ги коментираме приоритетите на надворешната политика на другите земји, вклучувајќи ги и САД. Тоа е прво. А доколку овој состанок на било кој начин допринесе во решавањето на внатрешниот судир, нас ќе ни биде драго“, одговори Песков на прашањето како Кремљ гледа на можноста Трамп да се сретне со Порошенко, а не со Владимир Путин.

„Што се однесува до формулацијата за судир помеѓу Украина и Русија-помеѓу Украина и Русија не постои судир. Донбас е исклучиво внатрешен украински судир“, додаде Песков.