дома Актуелно ФАТИМЕ ФЕТАИ ПРОТИВ МПЦ: Обвинение за граѓаните кои ја бранеа црквата, заштита...

ФАТИМЕ ФЕТАИ ПРОТИВ МПЦ: Обвинение за граѓаните кои ја бранеа црквата, заштита за платениците кои демолираа јавна сопственост

СЈО од една страна поведува обвинителен предлог за три искршени прозорци во Општина Центар на протест органзиран од МПЦ и граѓанска иницијатива со цел да се одбрани изградба на црква, од друга странa не кажува ниту збор и молчи за повеќемесечните насилни протести на таканаречената Шарена револуција, на кои соросовите платеници и сдсмовски активисти се изживуваа врз спомениците на македонските народни херои, врз спомен обележја од историјата на Македонија.

Двојните аршини на СЈО кулминираат. Граѓаните кои протестираа против уривање на црквата се ставени на тапет за предизвикана материјална штета од стотина евра, а вандалите од платеничката револуција кои палеа, демолираа, крадеа и предизвикаа материјална штета од милиони евра се заштитени.

Специјалното јавно обвинителство денеска поднесе до Основниот суд Скопје 1  два обвинителни предлога, од кои вториот се однесува за случајот со протестите пред Општина Центар кога група граѓани и МПЦ протестираа против стопирање на изградбата на црквата.

На 7 јуни 2013 година поголем број граѓани протестираа пред Општина Центар за да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Стануваше збор за протести на револтирани граѓани кои беа против стопирање на градбата на црквата, која Жерновски и СДСМ сакаа да ја сопрат.

Протестите се дозволена форма на изразување незадоволство во современите општества, на што и самите СДСМ и Сорос не забораваат да потсетат дури и кога спроведуваат насилни протести како повеќемесечните пролетта, кога платениците и хулиганите на СДСМ и Сорос со месеци го попречуваа нормалното функционирање на граѓаните на Македонија, ги сквернавеа спомениците на народните херои и спомен-обележјата од историјата на Македонија.

И додека штетата од протестите на незадоволните граѓани, организацијата „Веритас“ и на МПЦ беше три искршени прозорци на бараките на Општина Центар, штетата што ја направија неколкумесечните протести на платеничката револуција на СДСМ и Сорос се мери во милиони денари и голем број повредени службени лица и полицајци.