дома Социјални Мрежи ФАЦАТА МУ БИЛА СО МАГЕНТА: 2.000 евра месечна плата, службен автомобил, телефони,...

ФАЦАТА МУ БИЛА СО МАГЕНТА: 2.000 евра месечна плата, службен автомобил, телефони, лаптопи како подарок за фрлањето бои – Твитерџиите збеснаа!

На вчерашното поставување на Замир Мехмети, братот на Ермира Мехмети, за член на Одборот на директори во една од најмоќните приватни компании во Македонија, Македонски телеком, реагираше и Твитер заедницата која на големо беше вклучена во „платеничката револуција“, откако добија големи ветувања од СДС за нивно евентуално вработување

 

 

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Добро утро, шарената револуција за некого се исплати ко мајка за некој ко маќеа. Замир директорче, Влатко Васиљ нешо безвезе во влада.

 

[/kopa_block_quote]

Инаку, како што претходно објавивме, Замир Мехмети од Зоран Заев децидно и со уцени барал вработување во Македонски телеком, АЕК или Агенција за медиуми, и тоа при вработувањето да биде поставен на позиција со минимална плата од 2,000 евра, како и сите дополнителни бонуси, како автомобил, службени ручеци, платени телефони итн.

За ова повеќе зборуваше Твитерџијата „Чиз Кек“, чиј профил беше блокиран од Твитер на барање на МВР поради текст објавен токму во врска со Замир Мехмети.

 

ЗАЕВ И СДС СО НОВ СКАНДАЛ!: Владата на Р.Македонија бара од Македонски Телеком да го постави Замир Мехмети и Горан Трајановски во бордот на директори!