Фирми на Вицепремиерот Кочо Анѓушев и покрај ветувањето дадено пред граѓаните дека неговите фирми нема да учествуваат на државни тендери, продолжуваат да испумпуваат пари од Буџетот преку неговите фирми. Имено документите до кои дојде редакцијата на Курир покажуваат дека Брако ДПТУ Велес, каде како сопственик се јавува Кочо Анѓушев добила тендери од 4 државни установи во висина од 2 милиони и 380 илјади денари.
Фирмата на Анѓушев „Брако“ склучила договор за набавка со Универзитетската клиника за кардиологија во висина од 641.920 денари, на 11.01.2018 година, 4 месеци откако го даде ветување дека неговите фирми нема да учествуваат на државни тендери.
Вториот човек во владата не застанал тука, 11 дена подоцна, неговата фирма „Брако“ добива нова набавка, овој пат од ЈЗУ Психијатриска болница – Негорци, во вредност од 664.340 денари. Шемата не застанува тука, на 16.02.2018 година, тој добива тендер и од Основниот суд во Велес во висина од 82.600 денари.
Судејќи по документите кои ги добивме на Анѓушев најмногу му тргнало со болниците, па во април месец 2018 година склучува договор за набавка на болнички наткасни во вредност од 988.642 денари со ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Со што вкупната сума која „Брако“ ја добива од сите 4 јавни набавки надминува 2 милиони и 380 илјади денари.