дома Актуелно (Фото+Видео)ХАОС ВО ИСТАНБУЛ: Преку 20 луѓе повредени, најголем број полицајци во двете...

(Фото+Видео)ХАОС ВО ИСТАНБУЛ: Преку 20 луѓе повредени, најголем број полицајци во двете големи експлозии во Истанбул!

Најмалку 20 луѓе се повредени во експлозијата што се случи вечерва кај стадионот Бешикташ во Истанбул, соопшти министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Експлозијата била насочена кон полициски автобус, рече министерот.

Сведоци за Ројтерс рекле дека имало две експлозии, по што следувала огнена престрелка недалеку од истанбулскиот плоштад Таксим, во чија близина се наоѓа стадионот.

Во експлозијата се повредени 20 турски полицајци, рекол еден сведок за Ројтерс.

Полицијата ги опколи улиците околу арената Бешикташ Водафон, објави агенцијата повикувајќи се на изјави на сведок.

Вечерва на стадионот се одигрувал натпревар помеѓу два од најдобрите тимови во Турција, Бешикташ и Бурсаспор. Експлозијата се случила откако натпреварот завршил и навивачите веќе се разотишле.

https://www.youtube.com/watch?v=r0poYhuBJYk

https://www.youtube.com/watch?v=77vanZ3kM-E