дома Македонија (Фото) Ангелов му свари кафе на Апасиев

(Фото) Ангелов му свари кафе на Апасиев

Професорот Димитар Апасиев имаше жестока дебата со генералот Стојанче Ангелов пред предвремените парламентарни избори минатово лето. Ангелов го убедуваше Апасиев дека нема да добие пратенички мандат, а при деватата падна и кладба. Апасиев влезе во Собранието, а Стојанче му свари кафе.

-Во тек е процесот на подготовка на турско кафе за народниот пратеник, професорот Апасиев.

Без шеќер со тоа што сигурно ќе преврие додека пишувам.

Со кафето ќе слушаме убава, стара македонска музика со интересен а богами и контраверзен текст, пишува Ангелов.