дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Фото+ Видео) Е ОВА Е ЛИДЕР: Путин облече xaзмат одело и влезе...

(Фото+ Видео) Е ОВА Е ЛИДЕР: Путин облече xaзмат одело и влезе во бoлницa каде се лekyваат зapaзени од KOВИД-19

Рускиот претседател Владимир Путин ја промени вообичаената кошула и вратоврска за хазмат одело бидејќи ги посети пациентите кои се лечат од вирусот „Ковид-19“ во московска болница.

Опкружен со болнички персонал, Путин се облече во жолто парче облека и беше опремен со респиратор пред да ги посети пациентите во центарот за третман „Комунарка“ во Москва.

Рускиот претседател, исто така, облече во пар заштитни пластични чизми и сини нараквици пред да влезе во одделот со голем ризик во болницата.

 

Пред патувањето во болницата, Путин оствари средба со членовите на руската работна група за борба против пандемијата на „Ковид-19“, на која присуствуваа градоначалникот на Москва Сергеј Собијан, заменик-премиерот Татјана Голикова и министерот за здравство Михаил Мурашко.

После таа средба, Путин одлучи дека сака да го провери објектот каде се лекуваат заболените и им рече на колегите: „Ајде да одиме да ја видиме Комунарка“.