дома Балкан (Фото) Во Хрватска се преврте македонски камион што превезувал автомобили

(Фото) Во Хрватска се преврте македонски камион што превезувал автомобили

Камион со платформа за превоз на возила се преврте на  автопатот А3 Брегана-Липовац, објави хрватски  24 сата.

Несреќата се случила денеска попладне околи околу 17 часот, кога возило со македонски регистерски таблички се превртело, при што неколку возила што ги превезувал камионот испаднале.

Како што информира хрватскиот медиум, повреден е возачот на камионот.