дома Хроника (Фото) Запленети близу илјада пиpoтехнички средства на Граничниот премин Делчево

(Фото) Запленети близу илјада пиpoтехнички средства на Граничниот премин Делчево

Денеска (21.12.2020) на Граничен премин Делчево, при влез во Република Македонија, полициски службеници извршиле преглед на багаж на П.П. од Битола, кој пеш ја поминувал границата, при што биле пронајдени 886 парчиња различни видови на пиротехнички средства. Пронајдените предмети биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.