дома Македонија (Фото) Луѓeтo излeгyвaaт oд вoзилaтa: Нa Taбановце зa излeз oд дpжaвaтa ce...

(Фото) Луѓeтo излeгyвaaт oд вoзилaтa: Нa Taбановце зa излeз oд дpжaвaтa ce чeкa дo 90 минyти

На граничниот премин Табановце за излез од државата има задржување од 60 до 90 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта, како што наведе АМСМ, се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево