дома Македонија (Фото) Николоски, Јанчев и Чулев на ocвeтyвaњeтo нa цpквaтa „Свети Димитриј“ во...

(Фото) Николоски, Јанчев и Чулев на ocвeтyвaњeтo нa цpквaтa „Свети Димитриј“ во Кавадарци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски утрово присуствуваше на чинот на осветување на црквата „Свети Димитриј“ во Кавадарци.

-Утрово во Кавадарци имав чест да присуствувам на чинот на осветување на црквата ,,Св. вмч. Димитриј”.

Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со Владиката Иларион, Владиката Јаков и Владиката Пимен, како и бројно свештенство на Македонската православна црква го извршија чинот на осветување на црквата Свети Димитрија, чија реконструкција заврши по пет години реновирање.

На чинот на осветување и Архиерејската литургија присуствувавме со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, пратеникот од Кавадарци Зоран Јованчев и Наќе Чулев, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.