дома Хроника (Фото) Cтpaшнa paбoтa..: Boзeл co 2.11 пpoмили aлkoхoл вo kpвтa

(Фото) Cтpaшнa paбoтa..: Boзeл co 2.11 пpoмили aлkoхoл вo kpвтa

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 67, 16 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол од кои едно лице возело со 2.11 промили алкохол, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за користење на мобилен телефон.

Изречени се пет санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас и 56 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.