дома Uncategorized (Фото) Maкедонски фудбалски клуб ја освои Премиерлигашката титула на Нов Јужен Велс

(Фото) Maкедонски фудбалски клуб ја освои Премиерлигашката титула на Нов Јужен Велс

Фудбалерите на Рокдејл Илинден им го честитаа Денот на востанието на македонскиот народ на своите сонародници во Австралија со шампионската титула во Премиерлигата на Нов Јужен Велс.

Во драматичен финиш на сезоната, клубот на Македонците до својот прв пехар во 51-годишната историја во второто по ранг натпреварување на континентот стигнаа благодарејќи на еден гол!

Во последното коло „илинденци“ дома го совладаа Норт Шор маринерс со 2:1 и завршија со 24 бода, колку што освои и Волонгонг вулфс, но Рокдејл е првак поради подобрата гол-разлика (20:9 наспроти 24:14)!

Да биде драмата, а со тоа и славењето на навивачите поголемо „црвено-црните“ победија со пресврт, откако Амаури Готје израмни во 61. минута, само една минута по водството на гостите, за миленикот на навивачите Алек Урошевски да стави точка во 76. минута.