дома Спорт ФРАНЦИЈА Е НОВИОТ ШАМПИОН: Хрватите примија пенал, гол од фаул и два...

ФРАНЦИЈА Е НОВИОТ ШАМПИОН: Хрватите примија пенал, гол од фаул и два од игра – Франција е новиот Светски шампион во фудбал

Репрезентациајта на Франција е новиот светски шампион откако во денешното финале ја совлада Хрватска со конечни 4-2. Во едно од најефикасните финалиња во историјата, „триколорите“ заслужено стигнаа до златото и ја оправдаа фаворитската улога.

Со автоголот на Манџукиќ Франција поведе, за Перишиќ да израмни во првиот дел само 10-тина минути подоцна. Конечните 2-1 по првите 45 мин. ги постави Гризман од пенал.

Во вториот дел Франција беше немилосредна, па со головите на Погба и Мбапе зголемија на 4-1, за повторно Манџукиќ да стрела последен во овој меч, овој пат во противничката мрежа.