дома Сцена Цеца доаѓа со приватен авион на концертот во Охрид: Еве што побара...

Цеца доаѓа со приватен авион на концертот во Охрид: Еве што побара од организаторите…

Српската ѕвезда Светлана Ражњатовиќ Цеца првпат доаѓа во Охрид, каде што на 1 август ќе има двочасовен концерт на стадионот „Билјанини извори“. Како што информираат организаторите таа во Охрид ќе долета со приватен авион еден ден порано за да се адаптира, а ќе остане и еден ден по концерт за да се одмори во, како што и самата вели, еден од најубавите градови на Балканот, Охрид.

Пред да пристигне Цеца, ќе пристигнат цели 10 шлепери со опрема која вклучува специјална бина, озвучување и осветлување.

Времетраењето на концертот, односно еден час повеќе од регуларното времетраење, е желба на Цеца, која сака првото претставување пред македонската публика во Охрид да се памети.

Според организаторите, таа има многу скромни барања, а сака само многу вода на сцена, македонски зеленчук и овошје и мени богато со македонски традиционални специјалитети.