дома Актуелно ЦРНАТА СТАТИСТИКА И ПОЛИТИЧКАТА МАНИПУЛАЦИЈА: 17 март – 36 заболени, вонредна состојба,...

ЦРНАТА СТАТИСТИКА И ПОЛИТИЧКАТА МАНИПУЛАЦИЈА: 17 март – 36 заболени, вонредна состојба, 21 мај – 40 заболени, брзи избори

Црната статистика и политичката манипулација на една слика! – коментира на фејбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој прави пралела помеѓу ставот на Владата кога бројката на новозаболени од корона вирус на дневно ниво беше 36 и сега, ставот, кога бројката на новозаболни на дневно ниво изнесува 40. Тогаш со своите постапки Владата крена паника кај населението, прогласувајќи вонредна состојба. Сега пак, со поголем број заболени најавува брзи избори.