дома Европа Швајцарците одлучија, нема да се уkинат ковид сертификатите

Швајцарците одлучија, нема да се уkинат ковид сертификатите

Граѓаните на Швајцарија денеска на рефередум изгласаа Ковид сертификатите кои им се потребни за влез на настани и во ресторани да останат.

62 отсто од оние кои гласаа се изјаснија сертификатите да продолжат да се бараат, додека 38 отсто гласаа тие да се укинат.

На прес-конференција во Берн, министерот за внатрешни работи Ален Берсет рече дека резултатот ќе и овозможи на владата „да продолжи со напорите за пандемијата“ – особено нејзината поддршка за поединци и бизниси на кои тоа им е потребно.

Тој се осврна и на „гадната“ перспектива што ја покрена новата варијанта на омикрон и актуелната напната здравствена состојба во Швајцарија.

Во петокот, во земјата беа пријавени 8.032 нови случаи на Ковид-19, 50% повеќе од нивото на почетокот на минатата недела. Бројките моментално се удвојуваат на секои две недели.