Десет припадници на безбедносните сили на Македонија беа убиени, а тројца повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје – Тетово, на денешен ден пред 6 години, за време на воениот конфликт. Албанските терористи го нападнаа конвојот, кој утрото во 9 и 30 часот поминувал на автопатот Скопје – Тетово, кај Групчин, на местото Карпалак.
Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата. 10 припадници на АРМ загинаа. Од нив двајца се офицери, а сите резервисти се од Прилеп.
По нападот македонските безбедносни сили го употребија авионот “Сухои” за надлетување на теренот, а за цело време надлетуваа и хеликопетрите. Патот Скопје – Тетово беше затворен за сообраќај.
На Карпалак загинаа: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.
Со положување цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и во комплексот „Карпалак“ во Прилеп денеска ќе се одбележат 16 години од загинувањето на 10 – те бранители на Карпалак во 2001 година.
Венци со цвеќе ќе положи делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, предводена од државниот секретар, Драган Николиќ.
На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.
Оддавајќи им почит на 10-те загинати резервисти на АРМ вчера со едноминутно молчење, заменик командантот на касарната, потполковник Славчо Кузманоски рече дека во турболентната 2001 година, кога недобронамерниците посегнаа по ова наше парче земја, прилепчани застанаа во одбраната на интегритетот и суверенитетот на Македонија.