дома Македонија Шилегов: Не сум фapaон за да градам капитални проекти

Шилегов: Не сум фapaон за да градам капитални проекти

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека не практикува во политиката да употребува популизам, во одговор на новинарско прашање околу капиталните проекти реализирани за време на неговиот мандат.

-Мислењето дека кој било градоначалник треба да гради капитални проекти е фараонско размислување. Ние не сме фараони да градиме пирамиди во своето владеење, ние сме градоначалници избрани да раководиме со градот, истакна Шилегов.

Градоначалникот додаде дека денешниот договор за басрапид транзитот е корисен за иднината на градот Скопје.

-Одговорните институции за поништување на постаментот на споменикот на Мајка Тереза се Општина Центар и Министерството за култура, изјави градоначалникот на Град Скопје, во одговор на новинарско прашање и истакна дека потребно е да се поништи маркицата за постаментот или да се утврди отколонувањето параметри што се дадени во Деталниот урбанистички план.

Шилегов истакна дека се работи за национален проект, а дејствијата треба да ги преземе Министерството за култура.

-За мој вкус тоа трае долго и затоа мислам дека можеби има определени резерви на носење соодветни акти, истакна Шилегов.

Тој додава дека според него постои општ консензус, кога е во прашање споменикот на Мајка Тереза, бидејќи е улица преку која има пристап до плоштадот.