дома Свет ШОКАНТНИ ОТКРИТИЈА: Бразилските власти се виновни за смртта на фудбалерите?

ШОКАНТНИ ОТКРИТИЈА: Бразилските власти се виновни за смртта на фудбалерите?

Најмалку 76 патници, од кои 19 фудбалери, загинаа ноќеска на кобниот лет во падот на авионот во Колумбија.

Во него се наоѓале 22 фудбалери на бразилскиот прволигаш Чапекоенсе, а тројца се однесени во болница и нивната состојба е тешка. Патувале за Меделин на финалето на Копа Судамерикана. Она што го шокираше целиот Бразил е тоа што целата фудбалска експедиција воопшто не требала да патува со овој лет. Неколку дена пред патувањето, раководството на клубот побарало дозвола за чартер, но бразилските власти не дозволиле. Вонреден лет не одорила Агенцијата за цивилно воздухопловство на Бразил.

Откако не успеале во својата намера, челниците одлучиле во Коклумбија да патуваат преку Боливија со комерцијален лет. Авионот удрил во планина недалеку од Меделин и уште не се знае како дошло до падот.