дома Политика ШТАБОТ НА ЗЛАТКО МАРИН ФАЛСИФИКУВАЛ ИДЕНТИТЕТ: Од штабот на СДС се испраќаат...

ШТАБОТ НА ЗЛАТКО МАРИН ФАЛСИФИКУВАЛ ИДЕНТИТЕТ: Од штабот на СДС се испраќаат лажни соопштенија во име на општина Аеродром!

Би сакале да ве информираме дека од името на Општина Аеродром до медиумите деновиве се испраќаат лажни и саркастични соопштенија, чијашто главна цел е да се наруши угледот на нашата институција, информираат од општината.

Се сомневаме дека овие дезинформации, како и во друг наврат изминатиот период, се испраќаат од членови на СДСМ во Аеродром, во пресрет на локалните избори.

Би ве замолиле да не ги земате предвид таквите лажни соопштенија, затоа што со тоа се дезинформира јавноста.

Официјалните електронски адреси на Општина Аеродром завршуваат со …@aerodrom.gov.mk, а соопштенијата до јавност ги испраќаме преку адресата odnosi.so.javnost@aerodrom.gov.mk.