дома Хроника Штипјанец ја нaпaднал и со остар предмет и нaнел повpeди на невенчаната...

Штипјанец ја нaпaднал и со остар предмет и нaнел повpeди на невенчаната 17 годишна сопруга

На 13.07.2021 од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода Е.А.(18) од Штип, бидејќи околу 16.30 чaсот на ул.„Нада Бутникошарева” во Велес, физички ја нападнал неговата невенчана 17-годишна сопруга, исто така од Штип, при што со остар предмет ѝ нанел повреди. Таа била пренесена во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. По овластување на Јавен обвинител бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.