дома Хроника Шумски пожар на непристапен предел кај прилепско Смолани

Шумски пожар на непристапен предел кај прилепско Смолани

Шумски пожар втор ден е активен околу прилепското село Смолани, каде гори нискостеблеста шума.
Според информациите од командирот на прилепската противпожарна единица, Виктор Стојчески, во еден дел, во пристапниот појас, пожарот е под контрола, но сѐ уште е тешко да се гасне во непристапниот предел.

– На теренот цел ден се 10 пожарникари и исто толку вработени во шумското претпријатие. Во непристапниот дел е речиси невозможно да се пристапи, но се прават сите напори и тој дел да се стави под контрола, вели Стојчески.
Во реонот на Смолани и Дрен летово, токму во непристапниот дел, беше големиот шумски пожар за што во август беше неопходна воздушна поддршка.