дома Социјални Мрежи ЈОЦИ ВЕЌЕ НЕМАЛА ДА ГЛАСА ЗА СДС: Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци...

ЈОЦИ ВЕЌЕ НЕМАЛА ДА ГЛАСА ЗА СДС: Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци по три години дозна дека е излажана, и сега му е лута на Заев!

Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци на својот ФБ профил пишува за поскапувањето на дизелот, Тиранската платформа, Заев, патните трошоци и Петре Шилегов. За неа ова е една невидена фарса со далекусежни последици, и додава „ниту одев по улици за ова, ниту ќе ве гласам пак“.

ФБ статус на Јорданка Ивановска- Јоци

1. Акцизата за нафта зголемена, допрва ќе повлече поскапувања. И ќе финансираме нови вработувања, институти, ќе пополнуваме буџетски дупки.

2. Ахмети бара осуда на геноцид од 903-та, од македонски Парламент, кој врска нема со тој геноцид затоа што државата Македонија не го ни извршила ( една од точките на Тиранска платформа, која не постоеше).

3. Се носи Закон за јазици на цела територија на МК и албанскиот ќе стане службен. (Исто точка од Тиранска платформа плус формирање на Институт за алб.јазик и инспекторат, веќе се издвоени пари во Буџет 2018). Лиле Поповска и ДОМ, од владеачката коалиција, гласаа “против”.

4. Заев ќе менува историја, ќе брише “бугарски окупатор”, и по споменици и по учебници. И ќе менува “име”.

5. Пратениците се мотивираат со тежок кеш во вид на “патни трошоци”, за да бранат и гласаат и противуставни закони.

6. Нема бројчаник на Триумфална порта, конфискувања.

7. Петре Шилегов си стави заменик градоначалник од ДУИ. Никого не праша, ниту пак претходно информираше.

Една невидена фарса и политички валканици со далекусежни последици. Ниту одев по улици за ова, ниту имам намера да ве гласам пак.