дома Социјални Мрежи ЈОЦИ СО ПРЕДЛОГ ДО ВЛАДАТА: Пак да му ја проверат колата на...

ЈОЦИ СО ПРЕДЛОГ ДО ВЛАДАТА: Пак да му ја проверат колата на Јанушев, можеби е во резервно тркало!

Целата јавност се исмева со бегството на екс-премиерот Никола Груевски. Токму ова тема ја коментираше и новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фејсбук. Таа посочи да проверат уште еднаш во колата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев можеби Груевски е таму.

 

Не знам..а, пак да му ја проверат колата на Јанушев ? Можда е во резервното тркало, коментира таа на Фејсбук.

Во понеделникот, полицијата вршеше претрес на сите возила кои влегуваа и излегуваа од катната гаража „Тодор Александров“ која се наоѓа во непосредна близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу возилата кои беа предмет на претрес, беше и она на генералниот секретар на опозициската партија.