дома Свет ЌЕ БИДЕ СВИКАН ИTEH ЕУ САМИТ: На барање на Макрон ќе се...

ЌЕ БИДЕ СВИКАН ИTEH ЕУ САМИТ: На барање на Макрон ќе се разговара за Брегзит

Доналд Туск предлага конечниот договор зa Брегзит да се одложи до 31.Јануари 2020, Макрон, бара “разводот” со Британија да не се одолговлекува подолго од 15-ти ноември 2019. Брисел сеуште без конечна одлука и консензус, а Франција можно е да иницира вонреден самит на оваа тема.

Емануел Макрон е решен да свика итен самит на ЕУ на кој ќе инсистира дека не може да има било какво одложување за повеќе од 15 дена на крајниот рок за Брегзит одреден на 31 октомври.

Доналд Туск, претседател на Европскиот совет, им порача на лидерите на ЕУ да поддржат тримесечна „екстензија“ на Брегзит до 31 јануари, 2020 година.

Цврстиот став на францускиот претседател, е со цел да се изврши максимален притисок врз пратениците во Лондон да го поддржат договорот, ги ужаснува дипломатите во Брисел, кои стравуваат дека краткото одложување го зголемува ризикот од „Брегзит“ без договор. Но, тоа би се случило благодарение на Борис Џонсон, кој бара што е можно пократко одложување на Брегзит.