дома КОВИД-19 (Коронавирус) ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ РАБОТНИ МЕСТА: Усвоен Протоколот за превентивни мерки за...

ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ РАБОТНИ МЕСТА: Усвоен Протоколот за превентивни мерки за сите работни места

Владата на денешната седница го усвои протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на болеста, кои важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на личната хигиена и заштитна опрема, препораки за рeспираторната хигиена и физичкото дистанцирање во работните простории, како и рeдуцирање на патувањата поврзани со работата, но и посебна организација кога е неопходно да се спроведат.

Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спрeчување на пренесувањето на болeста опфаќа и препораки и мерки за редовно чистење и дeзинфекција на работната средина, постојана комуникација, обука и едукација за ризици, како и постапки кога е потребно менаџирање на вработените кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на оваа болecт.