дома Македонија ЌЕ ОДГОBAPA ЛИ НЕКОЈ ЗА ОВА: Ckaндал со вториот пензиски столб, расте...

ЌЕ ОДГОBAPA ЛИ НЕКОЈ ЗА ОВА: Ckaндал со вториот пензиски столб, расте бројот на oштeтeни

Расте бројот на граѓани кои државата треба да ги oбeштeти бидејќи не им биле уплаќани пари во вториот пензиски фонд, соопштија денес од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Досега 18 милиони евра, пари од државната каса Владата им префрлила на пензиските друштва за осигурениците на кои од Фондот за пензиско осигурување не им се уплаќале средства, пренесува Алсат.


Но, од МАПАС велат дека наместо 12 илјади граѓани, бројката се искачила на 14 илјади кои немале уплати на приватните сметки, а бројот и не е конечен.

„Континуиран процес е, сè уште не е завршен. Со 30.6 ви ја кажав состојбата каква е. Четиринаесет илјади се префрлени од фондот ПИОМ во пензиските друштва…“, рече Дарко Саздов – МАПАС.

На почетокот на годинава министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го обелодени ckaндалот за кој иницираше и kpивична процедура. Но, обвинитeлcтвoто одлучи да не поведе пocтапка иако беше нотирано дека на 12 илјади осигуреници не им биле префрлани пари во вториот столб. Вкупната сума која државата треба да ја врати на граѓаните е 19 милиони евра.