дома Македонија ЌЕ СМЕ ЛАНСИРАЛЕ НЕКОЛКУ РАКЕТИ НА МОСКВА: Стево Пендаровски со скандалозна изјава...

ЌЕ СМЕ ЛАНСИРАЛЕ НЕКОЛКУ РАКЕТИ НА МОСКВА: Стево Пендаровски со скандалозна изјава на телевизијата на Боки 13

Националниот координатор за членство во НАТО Стево Пендаровски, во низата скандалозни изјави ја нанижа и онаа која ја даде во новата телевизија „1ТВ“ во сопственост на Бојан Јовановски – Боки 13, во емисијата на Ацо Кабранов наречена „Уреднички коментар“


Во несмасна изјава, Пендаровски, шеговито изјави дека ако имало назнака за агресија од Русија кон НАТО, тогаш ќе дадел команда Шеќеринска да истрела неколку ракети кон Москва.

Ваквото однесување, не само што е несмасно, туку во најмала рака е и опасно по меѓународниот имиџ на Р.Македонија, но и по безбедноста на државата.

Имено, Руската Федерација е членка на Советот за Безбедност при Обединетите Нации со право на вето, а досега важеше за голем пријател на Р.Макдонија, статус кој оваа влада наместо да го унапредува, го еродира.