дома Социјални Мрежи Џамбазов со порака по повод Денот на независноста: Иако ти е време...

Џамбазов со порака по повод Денот на независноста: Иако ти е време за мажење, немој да го правиш тоа, знаеш дека не те бива за потпишување договори

Нашиот познат шоумен Игор Џамбазов упати порака кон татковината по повод денешниот празник – Денот на независноста.

„Македонијо моја…
Денес полниш 30 лета, не си веќе девојченце.
Имаше несигурно детство и ептен бурна младост.
Време ти е да се прибереш малку.
Застани веќе на свои нозе, сакај се малку повеќе.
Иако ти е време за мажење, немој да го правиш тоа.
Знаеш дека не те бива за потпишување договори.
Башка и никој не те заслужува.
Те сакам Македонијо!, напиша на социјалните мрежи, Игор Џамбазов.

Објавата погледнете ја тука.