дома Политика Џафери за пописот: Ако некој сака да „протне“ закони без процедура, нека...

Џафери за пописот: Ако некој сака да „протне“ закони без процедура, нека повели на мое место, јас си одам дома

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со Имер Селмани и Алберт Муслиу.

Талат Џафери рече дека нема да дозволи никој да протне закони без да минат низ процедура, мислејќи на законот со кој треба да се одложи пописот.

„Ако ме измалтретиравте 9 месеци со 300 закони, имаше блокади за многу поважни закони, имаше блокада за петтиот пакет, и вие мислите дека може да помине Законот за попис без да поминат сите процедури, тогаш се лажете.

Јас како претседател на Собранието, работам во интересот на сите граѓани и така ќе биде секогаш. Ако некој друг смета поинаку, „бујрум“, нека повели на моето место, јас си одам дома, но дома и не на друго место каде отидоа многу функционери досега кои не работеа согласно закон“, рече Џафери.