дома Македонија ЏАФЕРИ СИ ТЕРА ИНАЕТ: Откако законот ќе биде објавен во службен весник,...

ЏАФЕРИ СИ ТЕРА ИНАЕТ: Откако законот ќе биде објавен во службен весник, седниците ќе ги водам на албански јазик!

Откако законот ќе биде објавен во службен весник, седниците ќе ги водам на албански јазик


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на гостување во емисијата Клик Плус на TВ21, изјави дека откако Законот за употреба на јазиците ќе стапи на сила, парламентарните седници ќе ги води на албански јазик, известува Журнал.

“Станува збор прашање кое е донесено со законот за употреба на јазиците, чекаме законот да биде објавувен во” Службен Весник ” и да стапи во сила за да може да се користат сите форми на употреба, како што се вели во законот “, изјави претседателот на собранието Талат Џафери, пренесува Журнал.

Тој вели дека ова не е прашање на инает, за тоа дали Талат Џафери ќе го покаже својот инает да покаже дека може или не може да зборува на албански јазик и да ја води седницата на албански, туку е тоа дека тој закон што го донесовме со потребното мнозинство да се стави во функција во форма како што е предвидена со закон.

“Во моментов, деловникот на Собранието е според законот, и деловникот стапува во сила во делот на одобрувањето на законот поради фактот дека, со ставање во фнкција законот, се применува законот а не деловникот, ако се обратиме на деловникот денес тој го забранува тоа, но ако законот стапи во сила тогаш јас ќе постапувам според законот а не според деловникот”, истакна претседателот на Собранието Џафери.