дома Македонија Општина Илинден почна обука на триесетина доброволни пожарникари

Општина Илинден почна обука на триесетина доброволни пожарникари

Општинскиот противпожарен сојуз Илинден почна со спроведувањето на Курс за доброволни пожарникари, каде ќе учествуваат трисетина доброволни пожарникари од Доброволните противпожарни друштва од Ајватовци, Илинден, Мршевци, Дељадровци и Бунарџик.

Градоначланикот на општина Илинден, Александар Георгиевски, информира дека на Курсот, доброволните пожарникари преку теоретска и практична работа ќе се стекнат со основни знаења за противпожарната заштита и укажување прва помош во услови на пожар.

По завршување на курсот ќе се спроведе завршен испит по пат на тестирање со што учесниците ќе се стекнат со Диплома за завршен курс за доброволен пожарникар.