дома Македонија Средба на Пендаровски со првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко...

Средба на Пендаровски со првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски

Стабилноста на македонскиот електроенергетски систем, предизвиците со кои се соочуваме и владината уредба за прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор, беа темите за кои денеска разговараа претседателот Стево Пендаровски и првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, Бислимоски информираше за активностите што се преземаат и предвидените мерки во иднина, за капацитетите на домашното производство, како и за правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности.

– Неопходно да се преземат сите мерки со цел успешно справување со предизвиците наметнати од глобалната енергетска криза, санирање на енергетскиот сектор и потребите на пазарот, како и соработка меѓу државните институции и компаниите од енрегетскиот сектор, рече претседателот Пендаровски на средбата со Бислимовски.

Одлуката за прогласување кризна состојба, според Претседателот е нужна, со цел поефикасно спроведување на мерките и справување со предизвиците од енергетската криза.