дома Свет АМЕРИКАНСКИ ДРОН УНИШТИЛ СИРИСКИ ТЕНК: Американската армија отворено застанува на страната на...

АМЕРИКАНСКИ ДРОН УНИШТИЛ СИРИСКИ ТЕНК: Американската армија отворено застанува на страната на терористите – уништен тенк кој напаѓал терористички позиции

Антитероритичката коалиција на чело со САД во самоодбрана уништила сириски тенк на провладините сили во Сирија, соопшти командантот на Военото воздухопловство на Централната команда на САД, генерал-потполковник Џефри Хариган

Генералот Хариган соопшти дека дроног MQ-9 нападнал борбено возило „поради одбрана“.

Според неговите зборови, тенкот ги нападнал од „ефикасна дистанца“ единиците на Сириските демократски сили и американските советници кои таму се наоѓале. Потоа, дронот по одлука на копнените сили, го возвратил нападот.

Според податоците на медиумите, инцидентот се случил во саботата. Ударот е изведен на тенкот Т-72, во кој се наоѓале три лица. Сите загинале.

Ова е втор случај на судир помеѓу коалицијата и провладините сили во Сирија во последните денови.