дома Магазин ПОПРАВЕТЕ ГИ САМИ ИЗГРЕБАНИТЕ СТАКЛА НА ОЧИЛАТА: Најдобрите начини за едноставно елиминирање...

ПОПРАВЕТЕ ГИ САМИ ИЗГРЕБАНИТЕ СТАКЛА НА ОЧИЛАТА: Најдобрите начини за едноставно елиминирање на гребаниците од очилата

Сите оние кои носат очила знаат колку непријатности им предизвикува одржувањето на нивната чистотата. Стаклата мора секогаш да бидат чисти за да се има чист и јасен поглед.

Сите тие посебно се трудат своите очила да ги сочуваат од гребаници и нечистотија, но секојпат се случува некоја незгода без разлика на внимателноста.

Гребаниците кои се јавуваат на стаклата главно се ситни но може да пречат и да го иритираат погледот.

Затоа ви претставуваме еден од најдобрите начини на кој едноставно се елиминираат гребаниците од очилата, исто како и од диплејот на смартфоните.

Како најдобро решение се покажала една состојка која сите ја имаме во нашата кујна, а тоа е сода бикарбоната.

Ова е навистина феноменално средство кое покрај тоа што ги елиминира гребаниците од очилата, исто така се користи и за нега и убавина, како средство за чистење, како лек, а денес ќе прочитате токму како се користи кај очилата.

Потребно е да се направи смеса од сода бикарбона и вода, да се добие густа текстура како паста.

Добиената смеса нежно нанесете ја врз стаклото, па со кружни движења поминете по критичните места, а потоа исплакнете со влажна памучна крпа, и на крај изгланцајте со сува крпа.