дома Свет АМЕРИКА ЈА НАМАЛИ СТАПКАТА НА НЕВРАБОТЕНОСТ: Рекордно намалување на невработеноста на САД...

АМЕРИКА ЈА НАМАЛИ СТАПКАТА НА НЕВРАБОТЕНОСТ: Рекордно намалување на невработеноста на САД во последните 18 години

Американските работодавци во април го забрзаа темпото на вработување, со што стапката на невработеност падна на 3,9%, покажаа објавените официјални податоци.

Во САД минатиот месец беа отворени 164.000 работни места, што е повеќе во однос на оние 135.000 работни места, соопшти Министерството за труд во Америка, а пренесува „AP“.

Имено, во претходните 6 месеци стапката на невработеност се движеше на ниво од 4,1%, бидеќи помалку луѓе беа во потрага по работа.

Од декември 2000-та година најновава стапка е најмала до сега, а напоредно со ова просечната заработувачка по саати порасна за 2,6% на годишно ниво.