дома Македонија МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ВО ТЕЛ АВИВ: Македонија треба да има...

МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ВО ТЕЛ АВИВ: Македонија треба да има сопствена надворешна политика, а не да следи туѓа

И покрај одличните односи со Израел, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) апелира до Владата на Република Македонија да не ги следи САД и да се откаже од намерата за преселување на Македонската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

СМК изразува загриженост од реакцијата на заменикот на спикерот на турскиот Парламент, Ахмет Ајдин кој во обраќањето на 23-от Конгрес на Палестинскиот Национален Совет што се одржува во Рамалах, ги предупреди сите земји кои се подготвуваат да тргнат по Вашингтон во преселувањето на своите амабасади, да не превземаат таков чекор.

СМК жали поради навредливата референца на турската државна информативна агенција “Анадолија” која меѓу државите што ќе ги следат САД во преселувањето на своите амбасади во Ерусалим – Гватемала, Хондурас и Парагвај – ја спомна и Македонија, но како “поранешна Југословенска Република Македонија”.

СМК бара Македонската влада да го свати сериозно предупредувањето од Турција која меѓу првите во светот не’ призна под државното име. Турција е македонски стратешки партнер со која Македонија има исклучително одлични и пријателски односи.

СМК очекува Владата да остане конзистентна на гласањето од 21 декември 2017 година, кога Генералното Собрание на Обединетите Нации со 128 гласа “за“ меѓу кои и Македонија, 9 “против“ и 35 “воздржани“ усвои резолуција со којашто унилатералното признавање на Ерусалим за главен град на Израел од страна на САД го прогласи за неважечко!

Македонија негува пријателски односи со Израел, меѓутоа не смее поради американските интереси да ги нарушува односите со Турција, како што тоа упорно го прави и со Руската Федерација.